Во светот на науката

По повод „Месец на науката 2018“ во нашето училиште се одржа настанот „Во светот на науката“ на 07.12.2018.На овој настан зедоа учество учениците од VI-IX одд. под менторство на нивните наставници по математика, биологија, физика и хемија. Целта на овој настан е да ги заинтересираме сите ученици да ги изучуваат природните науки.

Беа изведени голем број на експерименти по хемија,демонстрации по физика ,проекти по математика и биологија сите поткрепени со законите на природата.

На настанот присуствуваа голем број на ученици од нашето училиште,наставници и родители.

 

Advertisements

Успешно реализирана работилница по општество со учениците од V –a, V-б и V – в одд

На ден 04.12.2018г се реализира  работилница „Дегустација на македонски традиционални јадења“ со учениците  од V –a,  V  и  V – в одд. и нивните наставнички Весна Јованова, Драгица Ристова и Ленча Тодорчева, а во соработка  со  родителите на учениците. Имено станува збор за подготвени јадења  од вредните раце на мајките и бабите на овие  наши ученици кои имаа можност да  дегустираат многу наши стари рецепти од нашата традиционална кујна. Учениците со голем апетит  ги дегустираа овие јадења и го искажуваа своето  воодушевување од истите. Како почесни гости на овој настан беа и : директорот , стручната служба, др. одд. наставници од нашето училиште од втората смена, како и хигиеничарките кои воедно и помогнаа околу подготовките и сервирањето на донесените јадења. Со овој настан се заокружи темата по наставниот предмет-  општество за Етничките заедници во нашата земја и нивните традиционални обележја – фолкло, обичаи  и рецепти за јадења.  Од традиционални јадења имаше: тавче гравче- посно и со колбаси, пинџур со црвени суви пиперки и компир, зелен толчен пинџур, туршија, пржена риба, месо со компири и праз, месени домашни баници, пешии, пита со чварки, качамак, домашно козјо сирење, посни и мрсни сармички, а од благи рецепти имаше: баклава, ванилки, колачи со јаболка и домашен мармалад, свадбарска и црна алва, палчинки со домашен мармалад и мед, стари гурабии, ревенија со маџун, печена тиква и јаболки, бомбици со јаболка и многу др. вкусни рецепти. Видовме дека овие  рецепти не само што ги правеле домаќинките од минатото туку  се  прават  сеуште  и дека не се заборавени ниту денес и се предаваат од колено на колено на  новите генарации  домаќинки. Може да констатираме дека традиционалното  треба да се сочува во секоја смисла па и во подготовката на старите добри традиционални  рецепти  од сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија.

Прво место од областа на математиката на Месецот на науката 2018

На 17.11.2018 се одржа вториот дел од настанот Ноември-месецот на науката  за учениците од 7 до 9 одд.. Ученичката  Елена Петковска 9одд. го освои  ПРВОТО место и успешно учество на  Викторија Арсова, Кирил Јанев и Никола Николов во областа математика- ментор Силвана Миладинова .

Нашите ученици учествува во Skype-a-thon

По втор пат оваа година наставничките Ѓорѓина Димова и Марија Стојкова со своите ученици зедоа учество на глобалниот настан на Мајкрософт Skype-a-thon.  Ова е настан кој се случува еднаш годишно во ноември и во кој во период од 48 часа учениците од цел свет преку скајп се поврзуваат со своите врсници од другите земји. Се разменуваат песни, традиционална облека, храна, информации за своите држави, спортот, музиката, но најважно од се се дружат и се забавуваат.

Оваа година настанот ги поддржа Глобалните цели за одржлив развој посебно Глобалната цел 4: Квалитетно образование. Имено Мајкрософт за секои поминати 400 милји за време на Skype-a-thon го подобрува образованието за едно дете од We Villages.

Нашите ученици имаат можност да се поврзат и запознаат со ученици од Индија, Малезија, Виетнам, Хрватска, Египет, Чешка, Украина. Поминаа околу 30000 милји со тоа помогнаа да се подобри образованието на 75 деца.

 

 

 

 

 

 

Учество на уличните трки по повод 8 Ноември

На 7 ноември нашите ученици учествуваа на учишните трки по повод  8 Ноември – Денот на ослободувањето на нашиот град. Во трките учествуваа учениците од 6-9 одделение и постигнаа одлични резултати.

Во трката за 6 и 7 одд. – машки

1 место Стојанче Камчев

2 место Никола Тодорчев

Во трката за 8 и 9 одделение  машки

1 место Димитра Трајков

2 место Оливер Тодоров

 

 

 

Резултати од Меѓународниот турнирот „Математика без граници“ ЕСЕН 2018

На 25.10. 2018 год. се одржа  Меѓународниот турнирот „Математика без граници“  есенски круг. Учениците од нашето учиниште ги постигнаа следните резултати.

Честитки за победниците и  учесниците .Продолжуваме и во зимскиот круг.  Учениците  кои учествуваа и не ги достигнаа медалите им посакувам тоа  да го постигнат  во зимскиот круг.

Во продолжение погледнете ги резултатите.

 

This slideshow requires JavaScript.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прием на првачињата во Детската организација

Денес со пригодна програма учениците од прво одделение беа примени во Детската организација. За свеченоста на моментот се погрижија нивните постари другарчиња кои за нив подготвија разни ритмички игри. Присутните ги поздрави директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Европска недела на безбедност“-„Ден без автомобили“ во Неготино

Нашето училиште денес беше дел од акцијата „Ден без автомобили“ во рамките на одбележувањето на „Европската недела на безбедност“. Целта на оваа активност е да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии и мерки за планирање на урбаниот транспорт со цел за намалување на употребата на автомобили и редуцирање на емисиите на штетни гасови во воздухот.  На овој ден традиционално беше затворена по една или повеќе улици во градот за сообраќај и се резервираат за движење на велосипедисти, пешаци или за јавен транспорт. Денеска во Неготино во период од 2 часа додека трае активноста учесниците се движеа по улиците Маршал Тито, Партизанска и Баба Ана Ташева и завршија на градскиот плоштад каде е планирано да заврши предвидената маршрута, а во настанот се вклучи и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Од нашетш училиште учествуваа 60 ученици со своите наставници.

 

 

 

Известување за почеток на учебната година

Ве известуваме дека приемот на првачињата во централното училиште ќе биде на 3 септември (понеделник) во 12 часот. По тој повод училиштето подготви и пригодна програма.

Учениците од 6-9 одделение ќе започнат од 7:30, а учениците од 2 – 5 од 13:15.