На 5 март – понеделник со пригодна свеченост се одбележа Патрониот празник на нашето училиште.
Одбележувањето започна со поставување свежо цвеќе пред бистата на нашиот патрон – Страшо Пинџур.
Потоа директорката Сузана Андонова им се обрати на присутните гости. Му беше доделена благодарница на градоначалникот на општина Неготино – Пане Трајков за неговото поддржување на училиштето и сите негови активност.
На распишаниот литературен конкурс на тема „Имаме хумани срца“ беа доделена следните награди:
1 награда – Даниела Манчевска 7а одд
2 награда – Марушкова Емилија 6б дев.
Пановски Виктор – 6в одд
3 награда – Ристова Павлинка 8а одд.
Пановски Кристијан – 6в одд
Учениците добија дипломи и книги.
На натпреварот во кошарка помеѓу екипите на ООУ „Страшо Пинџур“, ООУ Гоце Делчев“ и ООУ „Димката Ангелов Габерот“ првото место го освои нашата екипа, второ место екипата на Гоце Делчев и третото екипата на Димката Ангелов Габерот.
Потоа директорката на пензионираните вработени од училиштето им даде пригодни награди за нивниот долгогодишен ангажман. Оваа година се пензионираа следните вработени: Марија Јанева, Гордана Лазова, Василка Јосифовска, Илија Ташев, Петра Ајтова и Вера Петрова.
Потоа следуваше културно уметничката програма од учениците. Проследете ја истата низ слики:




























