Оваа година светскиот ден за безбедно на интернет се одбележува на тема: „Поврзување на генерациите едуцирајќи се заедно“ под мотото: „Да го откриеме заедно дигиталниот свет ….безбедно“.
Оваа тема го поврзува дигиталниот свет низ сите генерации охрабрувајќи ги семејствата заедно да работат за побезбеден интернет. Без разлика дали имаш 5, 40 или 75 години, дали го користиш интернетот еднаш неделно или повеќепати во денот – секој може да донесе нешто различно што ќе им даде друга форма на онлајн искуствата и на нашето разбирање на онлајн компетенциите и безбедноста. Сите имаме своја улога во обезбедување на безбеден интернет за секое дете.
Дали знаете дека…?
- 25% од децата имаат свој профил на некоја од социјалните мрежи;
- децата од сите возрасти имаат недостаток од дигитални вештини – самодовербата при користењето на алатките не се изедначува со вештината;
- 12% од младите од Европас на возраст од 9-16 години велат дека биле вознемирувани на интернет;
- … сепак 56% од родителите на овие деца не се воопшто свесни за тоа;
- 1 од 8 родители не внимава на активноста на неговото дете не интернет;
- .. додека 56% преземаат позитивни чекори и им кажуваат на децата како да се однесуваат кон другите на интернет;
- 44% од децата сметаат дека вмешувањето на нивните родители им ги ограничува нивните активности на интернет, доде 9% сметаат дека нивните активности се ограничени во голема меа;
Да си помогнеме за побезбеден интернет
- Наставниците најмалку се инволвирани во користењето на интернетот кај учениците на возраст од 9-10 години;
- 36% од младите на возраст од 9-16 години тврдат дека знаат повеќе за интернетот од нивните родители;
- 73% тврдат дека нивните врсници им помагаат во користењето на интернетот;
- Сепак децата тврдат дека најмногу совети за бедбеноста на интернето добиваат о родителите (63%), од наставниците (58%) и роднини (47%);
- 87% од децата користат интернет дома;
Текстот е преземен и превед од сајтот http://www.saferinternetday.org каде можете повеќе да прочитате за активностите за побезбеден интернет.
Следуваат видеата кои се креирани оваа година:
Поради временските услови активностите кои ги планиравме во училиштето ќе се одложат за следната недела.