По повод Неделата на грижа за старите лица, под мотото „Секое старо лице има право“, од 21 – 27 ноември 2011 г. волонтери од училиштето „Страшо Пинџур“ учествуваа во активностите на Црвен крст. Целта беше да се подигне свеста кај населението за правата на старите лица, помошта и грижата за нив.
Учествотото на нашите ученици е дел од проектот „Малите акции прават големи промени“ на тема волонтерство поддржан од АЦЕС – Академијата на централно европски училишта.
Активностите беа многубројни, од дистрибуирање на флаери до населението, посета на Домот за згрижување на стари лица „Жана“ во Неготино, посета на стари лица, па до организирање на ликовни и литературни настани и шаховски турнир.
На конкурсот за ликовна творба на тема Грижа за стари лица второто место и припадна на Кристина Николова, ученичка во 7а одд. во ООУ„Страшо Пинџур.
Исто така се одржа и интерен турнир во шах помеѓу пензионерите и пионерите. Имаше 12 учесници, од кои 6 пензионери и 6 пионери. Првото место го освои пионерот Тони Лазов, ученик во 6б одд. деветолетка во нашето училиште, додека второто и третото место го поделија пензионерите Блажо Добринов и Крсте Лалев.
На завршната свеченост на 27 ноември имаше свечено доделување на Благодарници на поединци и организации, а сето тоа беше пропратено и со сервирање и дегустација на традиционални закуски од овој крај подготвени од пензионерките.
дек1








