Неделата на борбата против малтретирањето во училиштата Anti Bullying Week се продолжи во еден месец. По тој повод нашите ученици члeнови на информатичката секција изработија постери, брошура и видео.
Многу се добри.
Не знам колку малтретирањето е сериозен проблем кај вас, но сигурно го има како и секаде. Како што неделата на борба (јас повеќе го сакам зборот справување или сличен помакедонски збор) со малтретирањето сте ја продолжиле на цел месец може да ја продолжите на цела година. Учениците може на пример да направат истражување што ќе трае цела година за тоа каков вид малтретирање има, како жртвите се справуваат со тоа, што прават другите, да собираат примери кога добро е разрешен случај со малтретирање и сл. и на крајот на учебната година да направат една презентација на резултатите.
Ви посакувам успех во справување со насилството и малтретирањето.
Малтретирањето како и секаде така го има и кај нас. Оваа недела во ноември секоја година ја одбележуваме како дел од интернационална акција за справување со малтретирањето. Оваа година уште повеќе ќе се занимаваме со тоа бидејќи во училиштата и се релизира тековно проект за справување со насилството, а малтретирањето е голем дел од тоа.
Вашата идеја е добра, ќе видиме како ќе можеме да ја реализираме.