Компонентата за унапредување на оценувањето при Проектот за основно образование иницираше и поддржа изготвување на електронска банка на тест задачи, која официјално беше промовирана на 24-ти август во хотелот Александар Палас. На настанот беа присутни повеќе од 50 гости, претставници од Државниот испитен центар, Бирото за развој на образование, експерти од областа на оценување и наставници.
Државниот испитен центар ќе ја администрира бата на тест задачи. Експертите од ДИЦ ќе вршат контрола на задачите кои ќе бидат поставувани во банката и одобрување на квалитетните задачи. Оваа банка ќе му овозможи на Државниот испитен центар да се одберат добри автори и да се создаде колекција од квалитетни тест задачи.
Се охрабруваат сите наставници да се регистрираат и да помогнат во збогатување на базата со нови и квалитетни тест задачи.
me peqen ideja por duhet edhe te ket perkthim ne gjuhen shqipe