За најновиот успех на нашиот ученик Тони Лазов прочитајте тука.
За најновиот успех на нашиот ученик Тони Лазов прочитајте тука.
Се известуваат учениците дека по одлука на Советот на Општина Неготино и по препорака на МОН второто полугодие ќе започне на 23.01.2012 (понеделник).
Денес нашите фудбалери го освоија второто место на Државниот натпревар во мал фудбал кој се одржа во нашиот град. Честитки до нив.
Во наредните денови ќе има подетално за случувањата на овој натпревар.
Најновото видео кое учениците од 7 одделение го изработија за меѓународен натпревар по повод Неделата за справување со малтретирањето.
Само со слика.

Акцијата Ден на дрвото се одбележа и во нашето училиште. Нашите ученици се вклучија во акцијата и засадија дрва. Исто така и во училиштето малите ученици засадија дрвца и поставија таблички со еколошки пораки.
Вториот проектен состанок по проектот „Малите акции прават големи промени“ се одржа во нашето училиште во периодот 22-26 ноември.
Веќе по втор пат наш проект е финансиран од страна на АЦЕС – Академијата на централно европски училишта. Оваа година основната тема е волонтерство. Партнер ни е училиштето Дуле Караклајиќ од Лазаревац, Р. Србија.
Во рамките на состанокот кај нас престојуваа 4 наставници и 15 ученици од Дуле Караклајиќ. Се реализираа повеќе активности како садење на дрва, чистење на извор со природна вода близу Неготино, работилници на тема волонтерство.
На 23 ноември нашите гости се вклучија во акцијата Дена на дрвото и заедно со нас засадија дрва во Гоцевата шума. При тоа се поставија и таблички со еколошки пораки.
Истиот ден учесниците во проектот го чистеа изворот со пивка вода во близина на Неготино кој го користат голем дел од граѓаните. Во близина на изворо засадија и дрва и исто така оставија таблички со еколошки пораки.
Во овие активности се вклучија и учениците со посебни потреби од нашето училиште.
На 24 ноември волонтери од Американскиот мировен корпус одржаа работилница во која ги запознаа учениците со тоа што е волонтерство, како е да се биде волонтер и како можеш да волонтираш.
Потоа претставници од Клубот на млади при Црвениот Крст – Неготино извршија презентација за нивните активности со што на децата им покажаа дека и младите можат да волонтираат.
Истиот ден градоначалникот на Неготино – Пане Трајков ги прими претставниците на училиштето во неговиот кабинет каде изрази поддршак на активностите од проектот.
На 25 ноември учесниците во проектот го посетија Меморијалниот центар на Тоше Проески во Крушњво и Музејот во Битола.
Тука проектот не завршува. волонтерските клубови од двете училишта и понатаму ќе продолжат со своите активности.
За активностите во партнерското училиште можете да прочитате тука.
По повод Светскиот ден за борба против сидата на учениците од 7 и 8 одделение им беа презентирани едукативни филмови на тема „Надмудри ја сидата. Информирај се!“.
По повод Неделата на грижа за старите лица, под мотото „Секое старо лице има право“, од 21 – 27 ноември 2011 г. волонтери од училиштето „Страшо Пинџур“ учествуваа во активностите на Црвен крст. Целта беше да се подигне свеста кај населението за правата на старите лица, помошта и грижата за нив.
Учествотото на нашите ученици е дел од проектот „Малите акции прават големи промени“ на тема волонтерство поддржан од АЦЕС – Академијата на централно европски училишта.
Активностите беа многубројни, од дистрибуирање на флаери до населението, посета на Домот за згрижување на стари лица „Жана“ во Неготино, посета на стари лица, па до организирање на ликовни и литературни настани и шаховски турнир.
На конкурсот за ликовна творба на тема Грижа за стари лица второто место и припадна на Кристина Николова, ученичка во 7а одд. во ООУ„Страшо Пинџур.
Исто така се одржа и интерен турнир во шах помеѓу пензионерите и пионерите. Имаше 12 учесници, од кои 6 пензионери и 6 пионери. Првото место го освои пионерот Тони Лазов, ученик во 6б одд. деветолетка во нашето училиште, додека второто и третото место го поделија пензионерите Блажо Добринов и Крсте Лалев.
На завршната свеченост на 27 ноември имаше свечено доделување на Благодарници на поединци и организации, а сето тоа беше пропратено и со сервирање и дегустација на традиционални закуски од овој крај подготвени од пензионерките.